Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Од Мисијата во Скопје велат:

-Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ.

Овој инцидент е уште еден потсетник за сајбер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации.