Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, често е предмет на медиумско внимание кога станува збор за нејзиниот брак со Барак, а имаше многу пишувања за наводни афери кои не успеаја да ги „размрдаат“ сопружниците.

Сега, во гостувањето во подкастот „Call Her Daddy“, Мишел се осврна и на некои методи на родителство, со оглед на тоа што има две ќерки, Малија и Саша.

„Мислам дека сè започнува со потсвесните пораки што им ги испраќаме на нашите девојчиња. Имам две прекрасни ќерки. И, знаете, понекогаш се истрчувате и помислувате дека би можеле да прашате ‘дали се гледате со некого?’. Да не дозволиме тоа да биде прво или второ прашање, ајде дури и да не го поставиме“, рече таа.

Мишел Обама изјави дека го доживува ова прашање како еден вид несигурност на мајките затоа што „децата изгледаат среќни, но дали сè уште имаат дечко?“ Се чини незначително, но всушност претставува голем притисок врз животот на една млада жена.

„Гледате како сите се мажат и се женат. Затоа мислам дека треба да бидеме свесни за начинот на кој поставуваме прашања, не само на нашите ќерки, туку и на нашите синови. Треба да ги одвоиме нашите стравови и несигурности како родители од нашите деца“, додаде Мишел.

Текстот Мишел Обама го откри прашањето што никогаш не им го поставува на своите ќерки е превземен од МАКФАКС.