Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, од самитот на ЕУ во Порто, Португалија, испратија порака до САД да дозволат слободен извоз на вакцини против ковид-19. Од друга страна, пак, го повторија нивниот скептицизам за укинувањето на правата за интелектуална сопственост, нешто што е поддржано од американскиот претседател Џо Бајден.
Мишел рече дека ЕУ е скептична околу ова прашање, но е подготвена да разговара ако има конкретен предлог. Меѓутоа, тој посочи дека според него вистинскиот начин за борба против пандемијата е да се произведуваат повеќе вакцини и да се укинат ограничувањата за извор кои ги имаат некои земји, како што се САД и Велика Британија.
„Во Европа решивме да го олесниме извозот и ги охрабруваме сите партнери да го олеснат извозот на вакцини“, рече Мишел.
Слични порака до администрацијата на Џо Бајден испратија и Меркел и Макрон.
„Се надевам дека сега кога голем дел од американското население е вакцинирано, можеме да имаме слободна размена на состојки и исто така отворање на пазарот на вакцини“, рече Меркел.
Макрон, пак, пораката ја испрати со коментар дека богатите земји мора да го споделат својот капацитет за вакцини и да им помогнат на помалку развиените