epa10306184 European Council President Charles Michel speaks to reporters during a press conference ahead of the G20 Leaders Summit in Bali, Indonesia, 15 November 2022. The 17th Group of Twenty (G20) Heads of State and Government Summit runs from 15 to 16 November 2022. EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Претседателот на Совет на Европа, Шарл Мишел, пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан изјави дека ова е историски ден не само за Тирана, туку и за односот на ЕУ со Западен Балкан.

Високиот функционер рече дека иднината на Европската унија е со Западен Балкан и денеска на самитот ќе бидат потпишани конкретни договори за побезбедна иднина.

-Ова ќе биде важен, симболичен состанок. Ова е првпат да се одржува овде, во земја која не е членка. Убеден сум дека иднината на нашите деца ќе биде побезбедна со нашите напори. Денеска ќе го потпишеме договорот за роаминг трошоци. Олеснување за бизнисите, граѓаните, туризмот. Следното прашање ќе биде енергетската криза. Возбудливо е да се биде овде. Иднината на Европа, тоа е иднината на нашите деца, ќе биде побезбедна со Западен Балкан. Приближувањето до регионот е важно за нас, изјави Мишел.

Има седум суштински прашања за кои ќе се разговара на самитот, каде, како и на минатите самити на ЕУ, главна тема останува конфликтот во Украина. Лидерите на ЕУ во Тирана ќе разговараат и за негативните последици од енергетската криза во Западен Балкан, кибер нападите, вклучително и загриженоста за зголемување на илегалната имиграција во земјите на ЕУ.

Ќе се разговара за последиците од руската агресија во Украина,политичко интензивирање и политики за проширување, зголемување на изградбата на безбедноста од странски влијанија, имиграциските предизвици, борбата против тероризмот и организираниот криминал, зголемување на соработката во одбраната од кибер- напади, Негативните ефекти од енергетската криза во Западен Балкан, како и отстранување на роаминг со земјите од Западен Балкан.

Безбедносните мерки во албанската метропола се на највисоко ниво, а на булеварот „Народни херои“, каде што опозицијата во 12 часот најави протест, како и на булеварот „Италија“ каде се наоѓа Конгресната палата, каде се одржува самитот, целосно е блокирано движењето со поставени полицски кордони.