Претседателот на Европскиот совет (ЕС), Шарл Мишел, предложи нов темелен договор со новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во односите меѓу Европската унија (ЕУ) и САД, додека Урсула фон дер Лајен ја нарече промената на чело на САД „нова зора” во меѓусебните односи.

„Денес е повеќе од транзиција. Денес е можност да ги обновиме нашите трансатлантски односи, што многу беа нарушени во изминатите четири години. За време на тие години, светот стана посложен, нестабилен и непредвидлив. На првиот ден од неговиот мандат, јас свечено му предлагам на новиот претседател да изградиме нов фундаментален пакет за посилна Европа, посилна Америка и посилен свет“, рече Мишел на пленарната седница на Европскиот парламент во рамки на расправа за идните доноси меѓу ЕУ и САД.

– Advertisement –

Прикажи повеќе