Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски преку социјалните мрежи порача дека на државата и се потребни брзи предвремени парламентарни избори.

-Потребни се брзи избори. Победивме во 42 општини, плус градот Скопје. Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови. Ако се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика. Власта е делегимитирана и доби црвен картон од народот, затоа се потребни избори ведна, порача Мисајловски.