Синоќа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој како гостин во ТВ Алфа, зборуваше за моменталната политичката ситуација, блокадите организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како и целта на истите во однос на тајните преговори и распродажби од страна на Заев и Бучковски во договорот со Бугарија.
Мисајловски потенцираше дека блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира мора да се случуваат, бидејќи во овој момент најважно нешто е договорот со Бугарија, односно распродажбите кои Заев и Бучковски се подготвуваат да ги направат. Ние го повикуваме народот да го чуе тоа, бидејќи подоцна ќе нема шанса за поправање на огромната штета, додава Мисајловски.
-Заев многу пати изминатите години лажеше дека идентитетот е бетониран, односно дека Македонците немаат за што да се грижат, но сите се уверивме дека тоа се само ноторни лаги и манипулации. Министерот Османи избегнува да одговори на многу прашања, но вети дека во среда ќе се појави и ќе даде одговор на прашањата на пратениците и сите граѓаните кои сакаат да ја дознаат вистината, истакна Мисајловски.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ се извинуваме на граѓаните за метежот кој што го предизвикуваме, но сакаме граѓаните да знаат дека тоа го правиме со цел да се заштити народот и државата, додека овие двајца политичари на бескрупулозен начин си поигруваат со чувствата на граѓаните и се она што ја тишти Република Македонија, вели Мисајловски.
-Се соочуваме со криминогени и несериозни политичари кои што не ја чувствуваат државата за своја, а тоа го докажуваат со своите постапки, бидејќи се спремни да тргуваат со се и сешто, па дури и со македонскиот идентитет. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме за преговори и за договори, но никако по цена на македонскиот идентитет. Токму затоа со блокадите сакаме да кажеме дека нема да отстапиме и ќе се бориме се додека власта не го чуе народот, завршува Мисајловски.