Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, смета дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да ги бојкотира локалните избори.
-Јас сум убеден дека ќе имаме многу победи во многу градови во Македонија. И убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ и расположението е такво“, изјавил за Сител Мисајловски.
Тој потсети дека според Изборниот законик треба да се набават апаратчиња за отисок.
-Власта мора да ги набави овие апаратчиња за отисок и на таков начин да се гласа. И во тоа сите партии се сложни. И тоа не е пречка. Пречка е што се нема започнато постапка“, предупредува Мисајловски.