Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мијасловски ја критикуваше власта за како што вели неодговорниот однос кон пандемијата и здравјето на граѓаните. Како што вели тој, иако имаме високи бројки, граѓаните загрижени за здравјето, сепак власта трука попис во време на пандемија.

-Нема вакцини, граѓаните се премногу загрижени поради секојдневните бројки, масовно власта почнува да спроведува попис, а ние постојано велиме дека не е време за тоа, бидејќи здравјето е пред се.

Иако сме спречени да имаме масовни собири, мораме да се гледаме со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и мораме да го слушнеме тоа што го говорат граѓаните. За секој еден политичар, најважно е вака да се биде на терен, да се разговара со луѓето и да ги слушнеме нивното мислење, се разбира ако има и критики или што сакаат да ни посочат, ние да пренесеме.

Важно е да разговараме за здравството, важно е да разговараме за оние проекти кои се  ветени, а ги нема. Доаѓаат локални избори, а Чаир е често заборавено место во Скопје и многу малку се работи и гради, изјави Мисајловски