Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска, по новинарско прашање околу тоа кога може да биде објавена коалицијата со Алијанса за Албанците/Алтернатива, истакна дека набрзо ќе бидат соопштени деталите.
„Ќе имаме Извршен Комитет каде што ќе ги прецизираме сите работи, но исто оставаме сите органи на сите партии да се произнесат за потоа да направиме било каков договор“, порача Мисајловски.
Тој посочи дека во коалиција ќе се приклучат и други партии.
„Можеби се помали, но ќе учествуваат и ќе помагаат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори“, додаде Мисајловски.