Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски обвинува дека Македонија е хрибриден режим и една од најкорумпираните држави во Европа. Како што вели тој, Заев ветуваше живот, велеа „можеме“, секој збор им беше Европска унија, а сега државата се натпреварува во рангирања со Африка.
-Земјава е хибриден режим со причина. Македонија со Заев стана земја на политички затвореници, додека вистинските криминалци се на слобода. Токму затоа Економист цени дека Македонија не е демократија. Нема ниту правда, ниту мир. Денес нема задоволен граѓанин. 3000 предмети се заглавени во судските лавиринти. Најмалку овие предмети се борба против корупција, а најмногу граѓански прекршоци, кои потврдуваат дека нема правда за граѓаните. Во 2020 година сме добиле полоша оценка од 2019 година, со тоа се гледа дека нема подобрување, туку имаме уназадување. Ова е втор лош резултат за земјата, кој го дава угледен меѓународен фактор, кој пред неколку дена на индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл се најдовме на 111 место во друштво со Монголија, вели Мисајловски.