Извештајот на Стејт Департментот на САД потврдува дека Зоран Заев и неговата влада ја зацементирале Македонија на дното. Се нотира корупција, криминал, поткуп на државни службеници, селективност на правдата и злоупотреба на законските процедури, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
Зоран Заев ја има заробено државата, судскиот систем, институциите и целиот општествен апарат. Власта функционира мафијашки – рече Мисајловски.
Извештајот на Стејт Департментот на САД потврдува дека Зоран Заев и неговата влада ја зацементирале Македонија на дното. Се нотира корупција, криминал, поткуп на државни службеници, селективност на правдата и злоупотреба на законските процедури.
-Нашите стратешки партнери нотираат злоупотреба на скратените постапки во Собранието. Тоа е работа против која ВМРО-ДПМНЕ континуирано се бори, но и постојано збори. Законите не се прават врз основа на праксата и реалните потреби, и често се туркаат низ Собранието со скратени постапки, се вели во извештајот и се додава дека законите на хартија се во ред, но од друга страна не се имплементираат што претставува проблем и за граѓаните и за бизнис заедницата – рече Мисајловски.
Според извештајот на Стејт Департментот, иако Македонија има законска регулатива за спречување на злоупотреба на јавните функции и судирот на интереси, но спроведувањето на законите во тој дел е многу слабо и е насочено селективно кон критичарите на власта и ситни прекршители на законите, додека против високи претставници на власта нема ништо.