ВМРО-ДПМНЕ, но и нашите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите во Општините, да ги слушнат граѓаните и да разговараат за сите идеи, за сите проекти и така да ги направат своите буџети, изјави потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски во Илинден.

-Еве денеска присуствувам тука, и навистина задоволство ми е повеќе луѓе да доаѓаат, да даваат различни изјави, да даваат различни коментари, проекти и идеи. И сето тоа да го склопат како една нова програма за следната година.

Се разбира има различни барања, дали се дел од инфраструктурата, дел од образованието, некои лични проблеми, но тоа е добро бидејќи можеме да видиме дека граѓаните се задоволни што се тука и што можат да го кажат своето мислење. И на крајот испаѓа дека нивна е идејата односно она што постојано ние го говориме веќе изминативе недели, твоја идеја е да стане реалност, а таа идеја е навистина добро да се најде следната година во Буџети, вели Мисајловски.