Вардар загуби попладнево од Борец со 2:0 па се доведе во уште полоша ситуација. Имено, до крајот на сезоната останаа уште три кола. Вардар има уште три шанси да обезбеди опстанок. Пред себе има супер тежок распоред. Но, доколку победи на сите три меча, против Работнички, Струга и Македонија ЃП, сепак „Црвено-црните“ ќе чекаат кикс на конкурентите за опстанок Ренова, Академија Пандев и Силекс.
Еднаш Вардар се спаси од Втора лига, кога се фузираше со Миравци. Дали сега ќе успее, останува да се види, иако мисијата е супер тешка.
ПМФЛ, резултати 30.коло
Академија Пандев – Ренова 1:1
Беласица – Силекс 1:3
Борец – Вардар 2:0
Македонија ЃП – Силекс 3:0
Работнички – Шкендија 3:5
Струга Трум Љум – Шупи 0:0
Табела: Шкендија 71, Шкупи 56, Македонија ЃП, 51, Струга Трум Љум 48, Работнички 41, Пелистер 38, Борец 36, Силекс 35, Академија Пандев 35, Ренова 32, Вардар 31, Беласица 17.