Соња Мираковска НСДП и Коалиција „За европска иднина“ во емисијата 24 анализа рече дека владата не била избор на граѓаните, туку е голема лага која партијата ја пласира во јавноста.

– На луѓето им нудеа друго. Го допреле Македонецот со срце и да му кажат дека ќе се сменат сите договори и ги излажале и затоа добиле толкава поддршка. Луѓето се уште очекуваат дека нешто ќе се промени. Ветуваа ликови кои ќе бидат професионалци, а имаат пет вицепремиери кои немаат никакви познавања од областите кои ги водат. – вели Мираковска.