Додека Реал Мадрид освои три последователни титули на Европски шампион, се истакнаа неколку играчи, Кристијано Роналдо во прв план, додека Иско Аларкон доминираше во сенка.
Неколку години Иско полека, но сигурно исчезнуваше од сцената. Кај Зинедин Зидан, ги потроши сите свои кредити и ретко добива можност да игра.
Шпанскиот играч за врска во минатото честопати беше критикуван за прекумерна тежина, а сега ги пушти брадата и косата, па некои го споредуваат со Робинзон Крусо на Реал.
Дека кариерата на Иско оди надолу, покажува и сцената од загревањето пред натпреварот против Гетафе.
Откако беше повикан од кондициониот тренерот, Шпанецот ја местеше косата скоро минута и пол, поточно, 80 секунди. Тренерот го предупредуваше неколку пати да забрза, а Иско сметаше дека тоа е смешно.
loading…