ЗОРАН ИВАНОВ

Кажано во една реченица и гледано наназад, ДПМНЕ е минусот во македонската историја, па, по некаква временска инерција, и ова сегашново наше ВМРО не успева да се надмине и да се дистанцира од напластениот бугаризам во своите редови, како и од перманентниот фашизоиден ванчовизам, втемелен во неговата партиско идеолошка матрица, не успеа дури ниту морално да се воздигне и да се извини, да се дистанцира бар од груевизмот, па, со овој свој багаж и натаму, и кога ќе е на власт, пак ќе си остане на темната страна на нашите битки за македонството и за уникатната македонската самобитност, а феноменот на перманентна и релативно висока популарност на ваквото ВМРО-ДПМНЕ е тема за експертска психо-социолошка анализа.