Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд (21) најверојатно следната година ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Одличниот напаѓач одлучи да остане во клубот ова лето, но се претпоставува дека следната година ќе направи голем трансфер.

Клубот кој го сака Халанд ќе треба да плати 75 милиони евра на сметката на Борусија Дортмунд, а дополнително ќе се соочи со навистина нереални трошоци кои ќе одат на сметката на фудбалерот и неговиот агент Мин Раиола.

Според Билд, контроверзниот холандски агент бара од Халанд плата од 50 милиони евра по сезона. Се разбира, има неколку тимови што можат да платат за тоа, но и тоа не би било крај на трошокот.

Раиола наводно бара 40 милиони евра за себе. Тој ги сака овие пари за неговата посредничка улога во трансферот, па клубот што го ангажира Халанд ќе мора да издвои дури 165 милиони евра.

Оваа бројка ќе биде уште поголема во зависност од должината на договорот на норвешкиот напаѓач, што сигурно нема да биде под пет години.

Доведување на Халанд е голем предизвик за сите клубови и ќе видиме како ќе заврши сето тоа.