Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ) и Шенген зоната гласаа за влез на Хрватска во Шенген, јавуваат хрватските медиуми.

За одлуката беше потребна согласност од сите земји од ЕУ кои се членки на Шенген, додека четири надворешни членки кои се надвор од ЕУ не одлучуваат за неа, пишува Нова.рс.

На две подготвителни состаноци на Бордот на постојаните претставници, првата одржана на 1 декември, а втората вчера, немаше забелешки во однос на хрватското членство.

Со оваа одлука Хрватска од 1 јануари и официјално ќе стане дел од Шенген.

Сепак, како што јавуваат дописниците на хрватските медиуми во Брисел, Бугарија и Романија не добиле зелено светло за влез во Шенген зоната.