Во план е да заштита на подрачјето Демир Капија, вака одговорија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на прашање од МИА.
– Но за тоа е потребно да се изработи Студија за валоризација на природните вредности на овој локалитет, која ќе даде информации за категоријата на заштита согласно првната регулатива и IUCN стандардите, нагласија од Министерството.
Оттаму посочија дека во моментот се работи на изнаоѓање финансиски средства за финансирање на Студијата за валоризација и партнери за реализација на активностите.
Пред околу 12 години, имаше најава дека пештерата Бела Вода кај Демир Капија е ставена на листа за прогласување на заштитено подрачје. Така тогаш одговорија од Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Kога ќе се прогласи за заштитено подрачје, ќе се утврди субјектот кој ќе ја управува. Ако тој субјект не може да ја управува пештерата, можно е да определи друштво кое е компетентно да го управува објектот и да го промовира, да ја продаде приказната за природната убавина, рекоа тогаш од Министерството.