„Фискалниот бројач“ е новата алатка за транспарентност на Министерството за финансии со високофрефентни податоци, која на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните расходи, додека на месечна основа го прикажува државниот долг. Целта на оваа алатка, објавена на веб-страната на министерството, е понатамошнa отвореност на буџетот кон јавноста, за да се постигне уште повисоко ниво на фискална транспарентност.
Наскоро, Министерството ќе излезе и со нова алатка која ќе креира поголема предвидливост во деловното окружување од аспект на законската даночна регулатива – односно ќе биде објавен Даночен Календар, односно план на законски измени во даночната регулатива, идеја која произлезе од континуираниот дијалог со коморите.