Министерството за финансии тргна во масовна контрола на финансиски друштва, кои делеа кредити на измамници, односно со украдени лични карти или податоци на други лица, пренесува САКАМДАКАЖАМ.
Овие контроли доаѓаат после бројните претставник кај Народниот правобранител, откако граѓани се пожалија дека на нивно име биле подигани брзи кредити, кои сега тие мора да ги враќаат.
Народниот правобранител веќе бил известен дека биле казнети пет финансиски друштва, и дека ќе продолжи со надзорот, со фокус одобрување на кредити преку посредници, каде што биле и најголемите злоупотреби со лични податоци.
САКАМДАКАЖАМ ја пренесува и шемата како се издавале кредити, и таа е следна: измамник во туѓо име со украдени лични податоци се јавува телефонски во финансиското друштво, вели барам кредит ама да ми го префрлите на сметката на таа и таа продавница. Потоа на продавницата ѝ вели оставете ги производите што ги купувам со кредитов на улица, на ливада таму и таму, бидејќи немам постојана адреса. Продавниците само профит ги интересира, па постапуваат како што ќе им каже купувачот по телефон.
За идентитетот и веродостојноста на личните податоци со кои се претставува клиентот, не се секираа финансиските друштва, а уште помалку трговците, поради што се случија масовни измами со ваквиот начин на давање брзи кредити.
Инспекторите дополнително казниле уште три други финансиски друштва со забрана за кредитирање.