Неколку портали во текот на вчерашниот ден објавија вест дека е можно воведување на нов полициски час, односно зголемување на траењето на ограничувањето на движењето. Според претходната одлука на Владата сега имаме полициски час од 22:00 часот до 05:00 часот, но одредени медиуми вчера објавија дека е можно полицискиот час да почнува од 17 часот. Од Министерството вчера не се огласија, но утрово треба да заседава Комисијата за заразни болести. Дали ќе се донесе нова одлука, ќе видиме во 11 часот за кога Филипче ја закажа прес конференцијата.