Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска присуствуваше на промоција на монографијата „Арберешите меѓу реалноста и митот“ од албанскиот автор Фатмир Точи. Како што се наведува во соопштението на МОН, делото е посветено на историјата и сегашноста на Арберешите од Италија, кои се едни од најважните сочинители на националното стебло.
Промоцијата на монографијата беше направена од Општина Чаир во соработка со Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Издавачка Куќа Тоена, а присутни беа и повеќе други претставници на политички партии и владини институции, како и претставници на академската и научна заедница.
За време на настанот, од градоначалникот на Чаир предложи авторот Точи да биде прогласен за почесен граѓанин на општината, заради придонесот кон унапредување на соработката на Северна Македонија и Албанија токму преку Општина Чаир.