Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири учествува на настанот Глобален систем за мобилни комуникации, организиран од Mobile World Capital Barcelona. На настанот присуствуваат претставници на многу министерства од различни европски земји и најголемите и најмоќните компании, кои се дел од индустријата за електронски комуникации.
За време на посетата, како што информира Министерството, Шаќири ќе одржи билатерални средби и средби со претставници на најголемите компании од индустријата за електронски комуникации.
– Главни теми што ќе се дискутираат на овој настан се поврзани со технологија за поврзување, креативна технологија, општеството на иднината, стартап иновации, индустрија на технологијата за поврзување, стартап иновации, вештачка интелигенција, информира Министерството за информатичко општество и администрација.
Како што соопшти МИОА, целта на оваа посета е размена на искуства, со цел забрзување на процесот на дигитализација на јавната администрација во Република Северна Македонија.