Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот. Тој му дава уште една шанса на Мерко, со распишувањето на нови пет огласи за директори, објави Алсат.
„Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор“, рече Шаќири.
Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта.
Целата вест на Алсат.мк