Министерот за здравство Баким Сали денеска се сретна со поглаварите на верските заедници, при што упати порака дека единствена, докажана, најдобра и најсоодветна можност за заштита од вирусот Ковид-19 е токму вакцинацијата.
– Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме и многу наши драги најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме апел секој граѓанин да ја сфати сериозно потребата за вакцинација, да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволи никој да ги поколеба во стремежот за спасување на спојот и на животот на луѓето околу нас од ова пандемија која веќе две години го сменил и начинот на нашето живеење, рече министерот во своето обраќање по средбата со поглаварите.
Средбата се одржа во Спомен куќата на „Мајка Тереза”, со цел потсетување на големиот придонес што Мајка Тереза го има оставено зад себе.
– Ако нејзината мисија на љубов е инспирација и за нас, ова е местото каде оваа порака добива форма и значење. Воздигнувајќи ја над разликите над сите религиозни традиции и прифаќајќи го нашиот непоколеблив ангажман за живот, додаде Сали.
Тој уште еднаш посочи оти е убеден дека токму вакцинацијата е најбезбедниот начин за заштита од ширење на вирусот, но и единствениот начин за спречување на ширење на инфекцијата.
-Ние како поединци сме лесно ранливи. Ние како власт ги имаме в раце сите ресурси да се погрижиме за здравјето на населението. Но ние, како општество, имаме реална можност вака сплотено да работиме на спасување на што повеќе животи и да подаруваме повеќе взаемна љубов и почит, додаде Сали.
И верските лидери се на ставот дека вакцинацијата е единствениот начин за заштита на населението од вирусот.
Поглаварот на Македонската православна црква, господин господин Стефан ги повика граѓаните и верниците да се придржуваат до мерките што ги воведоа институциите задолжени за заштита на здравјето на луѓето.
-Македонска православна црква преку свои соопштенија изминативе две години повеќе пати апелираше до верниот народ да се придржуваат н она што задолжените институции почесто и редовно апелираа на таа тема. И овој пат ќе речам, подобро е нешто да спречиме, отколку потоа да го лечиме. И денеска исто така упатуваме апел до сите граѓани на нашата земја да се вакцинираат, додаде господин господин Стефан по средбата со министерот.
Реис ул-Улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху во своето обраќање по средбата посочи дека целта е давање позитивна порака до сите граѓани да се вакцинираат
Тој потсети дека Исламска верска заедница од првите моменти донесе неколку одлуки во рамките на одлуките на Светската здравствена организација, на Министерството за здравство и правилата на Исламските регулативи, така да, како што рече, од почетокот се реализирани сите можни организации во џамиите и во другите верски објекти.
-Во секој момент апелиравме луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ во рамките на Министерството за здравство. Апелирањето беше во сите џамии во секоја петочна молитва, во сите меџлиси, групи, и мислам дека тоа беше многу успешна работа. Исто ИВЗ имаше наредба кај сите верници да се апелира вакцинацијата да се зема сериозно да се пристапи на сериозен начин затоа што таква е одлуката на СЗО, рече Шаќир Фетаху.
На средбата исто така присуствуваа и бискупот на Католичката црква на Република Македонија, Киро Стојанов, претседателот на Еврејската делница во Македонија, Пепо Леви и супериндендентот на Евангелско-методистичка црква во Македонија, Марјан Димов. Домаќин на средбата беше директорот на Спомен куќата „Мајка Тереза”, Арјан Асланај.