Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на завршната конференција на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021“ рече дека е исклучлително задоволен и горд за позитивниот еполог од случајот со Сашо Мијалков.

– Попусто би говореле за реформи и законски измени, доколку го вртиме грбот на она што се случува на терен. Иако не се под директна надлежност на Министерството за правда, силно сум засегнат од последните случувања изминативе денови кои ја разбрануваа јавноста и за момент ја поткопаа довербата во институциите.  Морам да истакнам дека сум исклучително задоволен и горд што настанот имаше свој позитивен епилог, и добро е што посебен обвинител, назначен од државниот јавен обвинител, ќе испита дали, кој и во кој дел потфрлил во однос на наводите дека одредено лице се подготвува за бегство, истакна Маричиќ.