Соработката за програмата, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ беше во фокусот на средбата на министерот за правда, Кренар Лога, со претставници на Програмската канцеларијата на Советот на Европа во Скопје.

Како што информираат од Министерството за правда, на средбата биле разгледани можностите за обезбедување натамошна поддршка во повеќе области кои се од надлежност на Министерството за правда, меѓу кои и преземање на повеќе теренски активности за промоција на остварување на правото на бесплатна правна помош.

– Министерот за правда, Кренар Лога, информираше дека интензивно се преземаат активности за подобрување на условите во затворите, наоѓање на решение за стекнување со образование на лицата кои се на издржување затворска казна, како и целосно регулирање на здравствената заштита во казнено поправните установи, стои во соопштението до Министерството за правда.