Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска се сретна со д-р Вера Стоиљковиќ, директор на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „ТОРЛАК“ од Република Србија. Институтот е најстара институција од овој тип во светот со традиција и искуство подолго од 80 години. Институтот се занимава во производство на вакцини, серуми и други имунобилошки и дијагностички препарати.
„Благодараност до д-р Стоиљковиќ што брзо се одзва на мојата покана и со нејзиниот тим денеска ме посети во Скопје. „ТОРЛАК“ е единствениот институт во регионот кој набрзо ќе започне со производство на вакцини против Ковид 19“, вели министерот Филипче.