Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во активностите за реконструкција на основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ во општина Кавадарци.

Како што информираат од МОН, станува збор за инвестиција на Министерството во вредност од 9 милиони денари за замена на кровната конструкција на училишниот објект.