Нема никакви проблеми со проектот за Унвиерзална сала, туку се застанати градежните активности. Сакам да верувам дека тоа е можеби поради промена на градоначалник, не сакам да верувам дека Универзална сала како еден споменик и подарок од Република Бугарија по земејотресот е оставена да пропаѓа заради некои ситно-дневни политички поени, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по посетата на основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ во Чаир.
Посочи дека беа обезбедени средства од претходниот градоначалник за реконструкција на Универзална сала, но, како што додаде, градежните работи не се одвиваат воопшто.
– Јас будно ја следам ситуацијата, и сметам дека доколку имаме надлежност како Министерство за култура и доколку има можност ние ќе интервенираме, бидејќи Унвиерзалната сала како секој друг културен објект да не речам „музеј на културата“ мора да биде ставена во функција најрано што може, рече Костадиновска-Стојчевска.