Минималната плата во Бугариja од 1 јануари 2024 г. ќе изнесува 933 лева (малку над 460 евра). Ова го предлага бугарската Влада со уредба која е поставена на јавна расправа, јавува дневниот весник „24 часа“, пренесува Трибуна.

Минималната саатница ќе изнесува 5,58 лева со нормално работно време од 8 часа и 5-дневна работна недела.

Од идната година за прв пат минималната плата ќе се пресметува според новото правило – таа да биде 50 отсто од просечната плата во земјава за период од 12 месеци. Опфаќајки ги последните два квартали од претходната година и првите два од тековната година. Ова ќе доведе до рекордно зголемување на минималната плата во висина од 153 лева. Во моментов минималната плата во Бугарија изнесува 780 лева (околу 390 евра).