Според анализата што ја направи порталот „Пари“, во јуни, оваа година имало 302 пензионери со пензија над 52.455 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Вкупно 1.323 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.067 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 887 се со пензија од 41.739 денари.
Минимална пензија, која се движи од 9.868 до 12.077 денари добиваат 94 510 пензионери. Но има и 22.696 лица чии месечни пензии се пониски од минималната, односно се под 9.868 денари. Најголемиот дел од пензионерите, или 203 831, на сметките им легнуваат пензии меѓу минималната и максималната, односно од 12.077 до 40.067 денари. Тие сочинуваат 62.93 проценти од пензионерите.
Вкупниот број на пензионери во јуни се зголемил за 203 лица и изнесува 325.081 пензионер.
Просечната пензија во јуни изнесувала 15.705 денари, Најниски се земјоделските пензии, со просек од 8.165 денари, додека пак со просек од 22.978 денари највисоки се воените пензии.