Минатата година над 22.000 албански граѓани добиле италијанско државјанство, со што се зголемува бројот на Албанците кои стануваат Италијанци, јави Ора њуз.

-Албанците и понатаму, неколку години по ред се меѓу странските заедници со најголем број барања за добивање италијанско државјанство. Тие се на прво место на списокот на имигранти кои добиваат италијанско државјанство, што доведе до намалување на нивниот број како имигранти со албанско државјанство, наведува телевизијата.

Според истиот извор во Италија има 381.120 албански имигранти, бројка која секоја година се намалува зашто околу 200 илјади веќе станале Италијанци.

-Најновите податоци за добивање италијанско државјанство за минатата година први на списокот се Албанците (22.493), по нив Мароканци (16.588), Романците (9.435), Бразилците (5.460) државјаните на Бангладеш (5.116), Индијците (4.489), Пакистанците (4.410), Аргентинците (3.669) повеќе од двојно во споредба со 2020 година, годината во која имало 1.717), Молдавците (3.633) и државјаните на Египет (3.531), додава телевизијата.

Во 2022 година италијанско државјанство добиле вкупно 133.236 (50,9% жени и 49,1% мажи), 9,7% повеќе отколку во 2021 година, годината во која биле регистрирани 121.457 нови Италијанци.

Во просек, во 2022 година, еден на секој 38 странски жител станал Италијанец.

Ова, според Ора њуз, се податоците објавени од Фондацијата ISMU ETS обработени врз основа на најновите статистики на Istat и Eurostat.