Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја одлуката на американскиот претседател Џо Бајден за воведување на санкции на сите оние кои што нема да го почитуваат Преспанскиот, но и Охридскиот договор рече „ние сме легалисти“, во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор.
-Имавме во изминатите години искуство со такви санкции, а личностите што беа на црната листа сега се коалициски партнери на Заев. Кога веќе се предвидени санкции и за корупција, би било добро САД да се позанимаваат со фамилијата на власт во земјава, рече Милошоски.
На прашање дали очекуваат некој од ВМРО-ДПМНЕ да се најде на листата за санкции, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа е прашање за САД. Милошоски, пак, дофрли иронично дека на листата би можел да се најде поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев.