Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот фејсбук профил објави неколку фотографии од, вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров и напиша – Камелеон без датум и без место во владата.

Како што е познато Димитров нема да биде повеќе дел од Владата, односно новиот мандатар на негово место го предложи Бојан Маричиќ, досегашниот министер за правда.

-Воден од принципите на кариеризмот Никола Димитров 5 години ја играше улогата на дипломатска фасада на владата на СДСМ и ДУИ, за возврат на добиената фотеља, статус и повластици.  Пред странската јавност се трудеше да ги затскрива владините девијации и институционалниот рекет говорејќи за реформите кои никаде не се случија.

Пред домашната јавност упорно манипулираше со најавата на датумот за преговори со ЕУ, кој никогаш не се случи, напиша Милошоски.