Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната средба со стопанствениците во Битола, околу прашањето со собирањето на потписи за поништување на Законот за попис истакна дека власта не е подготвена за да го спроведе пописот. Во време на пандемија, без вакцини власта на мускули турка попис и го загрозува здравјето на граѓаните.
-ВМРО-ДПМНЕ отвори една граѓанска иницијатива за собирање на потписи и последната информација е дека се собрани 100 илјади потписи. Тие се потписи против нерегуларен попис. Сите сме за да има статистички попис, но не да биде истиот политичка операција во којашто владините функционери ќе се наддаваат со проценти, рече Милошоски.
Тој смета дека овие 100 илјади потпишани граѓани кои се респектабилен број, и власта би требало да има слух и да разбере дека туркање на мускули на еден фингиран попис нема да донесе ништо корисно.