Во случајот со именувањето на Бесмира Ејуп веројатно се работи за силна ургенција на влијателен државен функционер, којшто можеби е партиски близок на министерот Османи. Ова го изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен прв дипломат Антонио Милошоски во емисијата Дебати на ТВ Шења.
„Не би сакал да го оправдам потегот на министерот Османи, бидејќи не е за оправдување, да прифатиш да направиш нешто незаконито, но очигледно е дека овде клиентелизмот- услугата на влијателниот колега од друга државна институција, со тоа што некој помлад човек ќе биде ангажиран на таква важна позиција му значела и на министерот Османи да се покаже дека и тој може да направи една таква услуга“, вели Милошоски.
Според него Османи веројатно очекувал тоа да помине незабележано.
„Во секој случај очекувал веројатно, бидејќи живееме во време на секојдневни крупни скандали, информации, кризи, економска криза, топлинска криза, енергетска криза, инфлација, дека ова ќе помине незабележано како што впрочем помина и именувањето на Петрит Муслиу“, изјави Милошоски во емисијата Дебати на тв Шења.