Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на прашањето колку е
прифатлив предлогот на Заев за широка влада, илошоски истакна дека Заев сo денешната изјава потврдил дека на Македонија и е потребна нова Влада, како и дека ова мнозинство е неефикасно, а ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска влада која ќе организира локални и предвремени парламентарни избори.

„Заев со денешната изјава за широка влада прво потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада, второ мислам дека тезата на Заев потврдува и друго нешто за сегашната влада и сегашното мнозинство се неефикасни и немаат капацитет да се носат со реални и сериозни проекти во време на криза, и трето ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци кажа дека на Македонија посебно пред изборите многу подобро би и дошло да има експертска влада, којашто ќе има
капацитет да има поширока поддршка и да понуди реални проекти за излез од оваа криза, што Заев не е способен да ја менаџира, истакна Милошоски.