Постои ризик Владата да прифати се што бара Бугарија само за да добие почеток на преговорите, што не гарантира зачленување во некое догледно време. Ова го изјави Антонио Милошоски во емисијата Дебати на тв Шења.
Според него Владата го користи спорот со Бугарија за краткорочно политикантство.
„Опаѓањето на животниот стандард, зголемувањето на цените и незадоволството од владеењето на правото, ќе биде краткорочно конпензирано со рекламите Европа ги отвора вратите, ако добиеме датум или обратно, ако не добиеме датум ќе се игра на картата издржавме не попуштивме и слично. Мислам дека Владата се обидува на двата можни начини да го искористи овој спор со Бугарија, или за промовирање на светла европска иднина во моменти кога државата се соочува со сериозна економска криза, или пак обратно ако не се добие датумот, дека имала силни позиции и не попуштила “, изјави Милошоски.