Додека земјите од регионот одамна ја почнаа имунизацијата, Македонија се уште нема набавено вакцини. Ова е најголемиот доказ за неспособноста на оваа Влада, изјави пратеникот Антонио Милошоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Според мене процесот на вакцинирање минатата година започна во Србија, Грција, Бугарија, Албанија и многу европски држави. Колку подоцна започнува вакцинирањето, толку поголеми се штетите за здравјето на граѓаните и толку поголеми се штетите за економијата. Македонија за жал заедно со Косово е последната земја која не го започнала процесот на вакцинирање и со тоа здравјето и економијата трпат штети и мислам дека неспособноста на министерот за здравство е дел од одговорот на ова прашање, нагласи Милошоски.