Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ порача дека министерот за правда Тупанчевски треба да го смени, како што вели, последниот министер на Милошевиќ кој на мала врата сака да протне вербален деликт. Како што вели автор на текстот на законот е академикот Камбовски кој што во 1987 година го казнуваше професорот Маријановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт.
-Денес, би сакал да го искажам ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по однос на според нас, скандалозниот предлог закон кој што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда.
За прв пат, после едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење.
Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта.
Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт, вели Милошоски.