Антонио Молошоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција обвини дека владината коалиција го злоупотребила европското знаменце и го ставила на законот за легализација, како што вели на бизнисот со дрога, марихуана.

-Почитувани, денеска би сакале да кажеме повеќе за последниот скандалозен предлог закон на приавтната влада на Заев и Ахмети за ставање на европско знаменце на предлог законот за бизнис со дрога, марихуана.

Сметаме дека ова е скандалозем чин со којшто по којзнае кој пат се злоупотребува европското знаменце за теми кои немаат никаква унифицирана регулатива во Европската унија. Заев и Ахмети четири години ги лажат граѓаните дека од државата ќе направат  европска Македонија за со овој предлог закон за трговија со дрога да направат Македонија да биде Колумбија со Европа, земја во која трговијата со дрога онака како што правеше началникот на МВР во Прилеп, ќе стане легален бизнис на семејството Заеви и на неговите коалициони партнери.

Зошто овој закон е скандалозен, не само заради европското знаменце, туку  и заради тоа што премиерот ја приватизира Владата за носење на закони кои значат бизнис профит за неговото потесно семејство. Најголемиот дел од бизнисот со садење на марихуана, и веројатно и продажба на црно на таа марихуана во Македонија го водат Трајче Заев, Бобан Заев и Радиша Заев и многу неформални плантажи кои не гласат на нивна сопственост се управувани од овие луѓе, вели Милошоски.

Инаку, власта предлага измени на законот за медицински канабис, опозицијата најави блокирање на целото Собрание ако се донесе таков закон, сомневајќи се во можности за криминал.