Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, рече дека, според него не треба да се  додаваат други малцинства во Уставот.

„Страв ми е да не биде предоцна, да не бидеме ставени пред свршен чин пред Бугарија. Затоа бараме заедничко учество во преговорите со официјална Софија. За отворање на Уставот, сметам дека таква обврска не треба да преземеме и не треба да додаваме други малцинства, вели Милошоски.