Антонио Милошоски е еден од главните критичари на политиките на Владата и носител на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Медиумите пишуваа дека од позиција на партиски и државен функционер си вработи поголем дел од семејството низ државни институции. Моќта ја искористил за промоција на непотизмот на дело. Сега, од позиција на опозиционер, како да го заборавил минатото и критикува за непотизам кај власта.

Јавноста во поголем дел ги знае имињата кои завршиле на државни работни позиции, а се во некаква роднинска релација со Милошоски. Жената на неговиот брат, Александра Милошоска е вработена во УЈП, вујкото на Антонио, Владо Коруноски усппеа да се вработи во Агенцијата
за катастар, додека неговиот братучед Станко Коруноски вработување доби во Централниот регистар.

Сепак, ваквите сомнителни вработувања не завршија тука. Место во државната управа се најде и за неговата братучедка Јелица Милошоска, во ЈП Водовод и Канализација Скопје. За овие примери на непотизам објави и Државната комисија за спречување на корупција, која сепак немаше надлежност да отвори случај. Но, овој став на Антикорупциска е сосема доволен да покаже дека постоел непотизам кај овие вработувања, со што моралниот кредибилитет на Милошоски за темата непотизам е на нула.

И покрај тоа што најверојатно знаел дека ги прекршува правилата на игра, сепак медиумите продолжија со информациии дека имало и други вработувања. Зетот, Марјан Коруноски добил работна позиција во МЕПСО, а неговата братучедка Александра Коруноска станала директорка
на основно училиште.

Освен вработувањата на неговите најблиски, семејството на Милошоски го презеде и Здружението на возачи во Кичево. Поранешните вработени во ова компанија сведочеа дека
Здужението на возачи било преземено на мафијашки начин и биле избркани сите вработени. Против Милошоски случај има и обвинителството. Предметот од прислушуваните материјали,
„Моќник“, беше истрага на поранешното СЈО и стана првата истрага за која редовните обвинителства поднесоа обвинение. Во овој случај се товарат Милошоски, неговиот татко, ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, како и членовите на некогашната Лустрациска комисија со нејзиниот претседател Томе Аџиев. Случајот се однесува на продажба на имот во село Ижишта, како и на лустрирање на „неподобен“ судија.

Токму примерот на Милошоски, непотизам и злоупотреба на политичката моќ за остварување лични цели е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ која имаше интензивен израз цела деценија. Со оглед дека Милошоски е постојано во врвот на партијата, и тогаш, и сега, неговите зборови кога обвинува за непотизам се без кредибилитет и морал.