Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска обвини дека во Собрание седи пратеник, кој е осуден за делото „силување“, а моментално извршува висока јавна функција.
„Имаме колега пратеник кој извршил силување врз жена. Одлежал казна ама сепак сега врши висока функција. Барам предлогот да не може да извршува висока функција како градоначалник, пратеник, министер да се вметне во законите за избор на градоначалници, пратеници и за избор на влада, човек кој извршил родово базирано насилство врз жена“, изјави Милошоски на собраниска дебата, на која се расправаше за Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Милошоски одби да го открие името на пратеникот, со објаснување дека не сака да предизвика непријатни побуди кај жртвата.
Предлог измените на законот предвидуват да се направи регистар на жртви, но и на сторители на ваквите злодела.