Утринава во емисијата на радио „Лидер“ гостуваше пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој што говореше за актуелните скандали кои што ја тресат владата. Но, исто така се осврна и на одбивањето од страна на САД, Фрчковски да стане амбасадор, со што истакна дека тоа е шамар за македонската дипломатија.
Без разлика дали станува збор за амбасадор или слично треба да се одбере најквалитетниот кадар во моментов. Тука би се осврнал и на дипломатијата, во изминатиов период, би го искоментирал и тој актуелен случај кој што не е врзан со квоти, повеќе би рекол дека е врзан со политика, но не дава добар пример за Македонија, а тоа беше примерот со номинацијата на Фрчковски за амбасадор во Вашингтон“, истакна Милошоски.
-Информацијата јас ја добив од дипломатски извори кои што се ангажирани во македонската дипломатија, кои што споделија едно такво сознание, добронамерна сугестија стигнала од високи дипломатски кругови во Вашингтон кои сметаат дека г. Љубомир Фрчковски не е соодветен, не е подобен да биде амбасадор во САД. И сметам дека е тоа голем сигнал, за жал и голема бламажа за Владата и македонската дипломатија. И мислам дека Владата не смеела да си дозволи да оди со таква номинација, пред истата да ја провери“, рече Милошоски кој додава:
-Фрчковски не би бил ниту подобен за ОН. Зошто? Затоа што во ОН имате пет постојани земји членки на Советот за безбедност. А, тоа се Америка, Кина, Русија, Франција и Велика Британија. И ако САД кажале „НЕ“ за Фрчковски, дека тој за нив е неподобен, тогаш и во ОН, таков амбасадор не би бил употреблив, истакна Милошоски.