„Заев и Димитров тврдеа дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство се решени сите прашања со Бугарија. Декларацијата на Бугарија не е проблемот, туку тоа што во самиот договор во членот 2 стои дека има обврска Бугарија да ја поддржи поканата на Македонија за членство во НАТО, а во однос на ЕУ пишува да го сподели своето искуство за ние да бидеме членка. Тие уште тогаш имале планови да не блокираат“, изјави пратеникот и поранешен министер за надворешни Антонио Милошоски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Според Милошоски, на премиерот Заев му било поважно брзо да го потпише Договорот за добрососедство отколку самиот квалитет на договорот и додава дека ова денес што го имаме е последица од брзањето.