Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложија на денешната собраниска Комисија за надворешна политика да се разгледува Декларацијата за Гоце Делчев, но пратениците од СДСМ и ДУИ ја напуштија седницата, објави пратеникот и претседател на Комисијата, Антонио Милошоски.
Како што напиша Милошоски на Фејсбук, присутните колеги од СДСМ/ДУИ побегнале, за седницата да нема кворум и да не може да се гласа.
„Ќе ги почекаме, има време до Илинден“, напиша Милошоски.
Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска на собраниската Комисија дојдоа облечени во маици со ликот на Гоце Делчев.